ДУИ И АЛИ СЕ ВРАПЧИЊА – Никако орли

ДУИ ќе ги изгуби речиси сите општини во земјата. По изборите очекуваме врапчињата да носат писма со понуди за коалиција, со бланко отстапки и ветувања дека ќе се реформираат. Секако дека ќе се насмеeме на тие понуди.

ДУИ И АЛИ СЕ ВРАПЧИЊА – Никако орли
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Се сеќавате како Груби и Ахмети отидоа кај Заев и го „предомислија“ пред две години? Со што го предомислија? Епа, така функционира ДУИ и за тоа се врвни експерти.

Се пофалија дека се обединиле, ама вистината е дека го седнаа Таравари во скут – дали заради паркингот на Клинички или заради нешто друго, тоа сите го знаат. За тоа сте навистина експерти – за тендери и за седнување во скут. Таравари е со вас по иста причина како што и СДС не може да се тргне од вас – ве држите едни со други во криминалот што заеднички го правите. Најголема маша ви се обвинителите и судиите.

Имаме порака до Али Ахмети: не си ти орел, туку обично врапче. А во суштина, ни вие не сте орли, туку криминални и корумпирани страчки. Најгласни се токму најуплашените. Со проекти, со мерки, со реформи и со подобар живот. Албанците одамна имаат преку глава од Ахмети, а тоа ќе го покажат на следните избори заедно со Македонците, сите сложно.

ДУИ ќе ги изгуби речиси сите општини во земјата. По изборите очекуваме врапчињата да носат писма со понуди за коалиција, со бланко отстапки и ветувања дека ќе се реформираат. Секако дека ќе се насмеeме на тие понуди.

Наместо да оди во пензија не му здосади дваесет години власт? Убава е власта за Ахмети кога се купува соравија, се возат џипови, се отвораат бизниси во енергетика, се отвораат градежни фирми, додека првиот комшија и другар од детство ти е шеф обвинител за организиран криминал. Е, за тоа се експерти. Но наместо да оди во пензија, тој зборува за крв, оружје и орли.

А секој пат кога ќе дојдат избори, Ахмети доживува необична трансформација. Тоа е неговиот Павлов рефлекс на звукот на избори, автоматски следуваат закани, патетика и заплашувања.

Освен што е патетично, сето ова е и смешно. Како не му е мака, искрено не знаeме.

CATEGORIES
Share This