ДУХОВДЕНСКА ЗАДУШНИЦА Ден за молитва и спомен на починатите

Духовден е денот на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, на 10-тиот ден по Христовото вознесение и 50-тиот од Неговото воскресение.

ДУХОВДЕНСКА ЗАДУШНИЦА Ден за молитва и спомен на починатите
Фото: Принтскрин

Православните верници денеска ја одбележуваат Духовденската задушница, посветена на споменот и молитвата за покојните. Овој ден претходи на големиот празник Духовден, кој се празнува во недела.

На Задушница се служи парастос во црквите, а верниците ги посетуваат гробовите на најблиските. Се пали свеќа, се читаат молитви и се принесува жртва за спасение на душите на починатите. Македонската православна црква апелира обичаите да се сведат на молитва и жртва од варена пченица, вино и леб, без големи количини храна на гробовите.

Овој ден е востановен како спомен за сите упокоени верници, со оглед на тоа што на Педесетница, кога слегува Светиот Дух, е завршено домостроителството на спасението, во кое учествуваат и покојните. Црквата на овој празник молитвено го проси Светиот Дух за оживотворување на живите и благодат за упокоените.

За оние кои не можат да ја посетат гробишта поради оддалеченост, Црквата советува да одат во најблискиот храм и таму да извршат помен.

Духовден е денот на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, на 10-тиот ден по Христовото вознесение и 50-тиот од Неговото воскресение. Овој настан е познат како „Роденден на Црквата“, бидејќи Светиот Дух ја исполнува Црквата и христијанскиот живот од тогаш до денес, давајќи сила и духовна преобразба на верниците.

CATEGORIES
TAGS
Share This