ДРЖАВЕН УДАР ВО ГВИНЕЈА-БИСАО Претседателот уапсен во својата палата

Заедно со претседателот биле приведени началникот и заменик-началникот на Генералштабот, како и министерот за внатрешни работи.

ДРЖАВЕН УДАР ВО ГВИНЕЈА-БИСАО Претседателот уапсен во својата палата
Фото: Принтскрин

Претседателот на Гвинеја-Бисао, Умару Сисоко Ембало, денеска околу пладне изјави дека бил уапсен во својата канцеларија во претседателската палата, поради, како што тврди, обид за државен удар.

Според неговите зборови, заедно со него биле приведени и началникот на Генералштабот, генерал Биаге На Нтан, заменик-началникот на Генералштабот, генерал Мамаду Туре, како и министерот за внатрешни работи, Боче Канде.

Ембало истакна дека според неговите информации, против приведените службеници не е употребена сила. Тој го обвини командантот на армијата за организирање на обидот за државен удар.

CATEGORIES
TAGS
Share This