ДРАМАТИЧНО НА ИРСКОТО НЕБО Авионот на Зеленски опкружен со 4 непријателски воени дронови пред да слета во Даблин
Ирската Национална гарда истражува мистериозни дронови што го следеле авионот на Зеленски

Авионот на украинскиот претседател Володимир Зеленски бил следен од четири големи воени дронови пред да слета на аеродромот во Даблин во понеделник, соопшти ирскиот „Журнал“.
Според извори, дроновите полетале од североисток од Даблин и се приближиле до авионот на Зеленски, прекршувајќи ја забранетата зона за летање. Ирската Национална гарда започнала истрага, но сè уште не е утврдено од каде потекнуваат дроновите и кој ги контролирал и дали се од копно или од брод надвор од домет на радарот.
Безбедносните служби наведуваат дека инцидентот може да се смета за хибриден напад, бидејќи дроновите биле големи и од воен тип.
Посетата на Зеленски беше историска и прва на украински претседател во Ирска и се случи во време кога украинскиот лидер се обидува да обезбеди поддршка од европските лидери додека траат мировните преговори предводени од САД.
Пред ирските парламентарци, Зеленски доби овации и ја повика Ирска да преземе „активна улога“ во формирањето трибунал за руската агресија врз Украина.
Русија, според западните извори, се обидува да ја поткопа поддршката за Украина со хибридни напади и плашење на јавноста. Во последните месеци, аеродроми во Германија, Данска и Белгија беа затворени поради упади со беспилотни летала, додека рускиот претседател Владимир Путин во минатото се потсмеваше на обвинувањата за вмешаност.


