ДРАМАТИЧНА ОДЛУКА – Трамп ја затвора вратата за Иран, последиците можат да бидат глобални

Акцијата стартува денес во 10:00 часот по источно време

ДРАМАТИЧНА ОДЛУКА – Трамп ја затвора вратата за Иран, последиците можат да бидат глобални
Фото: Принтскрин

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп потврдил дека САД ќе воведат мерка за ограничување на пловидбата кон и од иранските пристаништа, со почеток денес во 10:00 часот по источно време.

Според соопштение на американската војска, операцијата ќе започне под раководство на Централната команда на САД CENTCOM и ќе опфати поморска блокада на сообраќајот кон и од иранските пристаништа и крајбрежни области, вклучително и оние во Персискиот Залив и Оманскиот Залив.

Како што пренесува CNN, мерката ќе важи за сите бродови без разлика на државата на потекло, додека пловидбата кон други дестинации што не се поврзани со Иран ќе остане дозволена, особено преку Ормускиот теснец.

Во соопштението се наведува дека блокадата ќе се спроведува строго и ќе важи за сите пловила што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа.

CATEGORIES
TAGS
Share This