ДРАМА ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ – Аракчи призна, добив пораки од САД, но не преговараме

Техеран ја демантира медиумската „лажна приказна“ за контактите со Вашингтон.

ДРАМА ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ – Аракчи призна, добив пораки од САД, но не преговараме
Фото: Принтскрин

Иранскиот шеф на дипломатијата, Абас Аракчи, порача дека приоритет за Техеран е создавање услови за „конечно и трајно“ ставање крај на, како што ја нарече, нелегалната војна против Иран.

Во објава на платформата X, Аракчи истакна дека Иран е фокусиран исклучиво на изнаоѓање решение што ќе доведе до долгорочен мир, обвинувајќи дека конфликтот му е наметнат на земјата. Тој, исто така, ги демантираше наводите во дел од американските медиуми, нагласувајќи дека Техеран останува благодарен кон Пакистан и никогаш не одбил дипломатска посета на Исламабад.

Министерот откри дека добил директни пораки од специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, но потенцираше дека тоа не значи дека се водат преговори. Според него, комуникацијата се одвива исклучиво преку иранското Министерство за надворешни работи, а не преку безбедносни канали.

Аракчи додаде дека Техеран досега не одговорил на ниту еден од 15-те американски предлози, ниту пак ги претставил своите услови.

„Немаме донесено конечна одлука за евентуални преговори со САД. Јас сум резервиран во овој поглед“, изјави Аракчи, пренесе Ал Џезира.

Со ова, иранската дипломатија испраќа сигнал дека и покрај постоечките контакти, формален дијалог со Вашингтон засега не е на повидок.

CATEGORIES
TAGS
Share This