ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Вооружено лице држи заложници, неофицијално има и загинати

Вечерва, во Прилеп се одвива драматична и крајно напната ситуација. Според неофицијални информации, вооружено лице држи неколку лица во заложништво. На терен се распоредени бројни полициски сили, вклучително и специјални единици, а целиот дел од населбата каде што се случува настанот е блокиран.
Се шпекулира дека дошло и до убиство – неофицијално, се наведува дека вујко го убил својот внук и својот зет, но овие информации засега не се потврдени од надлежните институции. Постои сомнеж дека има и други повредени или загинати, но засега нема официјална бројка, ниту потврда.
Министерството за внатрешни работи најави дека ќе излезе со официјално соопштение во најскоро време. Ситуацијата е и понатаму во развој.
CATEGORIES Македонија


