(ВИДЕО) ДРАМА ВО БОРМИО – Мејард до златото, Мекграт избега во шумата го враќаа спасувачи

Фрустрацијата на Норвежанецот заврши со интервенција на спасувачките екипи

(ВИДЕО) ДРАМА ВО БОРМИО – Мејард до златото, Мекграт избега во шумата го враќаа спасувачи
Фото: Принтскрин

Швајцарецот Лоик Мејард стана олимписки шампион во слалом, додавајќи го олимпиското злато во својата импресивна колекција, точно една година по освоената светска титула во Залбах. Натпреварот се одржа денеска во Бормио.

По првото возење, Мејард го зазеде второто место, со заостанување од само 0,59 секунди зад Норвежанецот Атле Ли Мекграт, кој изгледаше како сигурен победник. Меѓутоа, во второто возење, Мекграт направи мала грешка на една од портите и беше елиминиран од трката.

Фрустрацијата го совлада Норвежанецот и тој ги фрли стаповите на едната страна од патеката, потоа ги соблече скиите и се упати кон шумата, минувајќи под безбедносните бариери. По неколку минути, со помош на спасувачки екипи на моторни санки, Мекграт беше вратен во натпреварувачката зона.

Сребрениот медал го освои Фабио Гштреин, кој беше трет по првото возење, додека бронзата отиде кај Хенрик Кристоферсен, познат и како „викиншкиот принц“.

CATEGORIES
Share This