ДРАМА НА ПЕНАЛИ – Нигерија го победи Египет за третото место на Африканското првенство
Нигеријците беа подобар тим на теренот и го потврдија тоа на пеналите

Фото: Принтскрин
Репрезентацијата на Нигерија го освои бронзениот медал на АФКОН, откако во „малото финале“ по изведување пенали го победи Египет со 4:2. Во регуларниот дел натпреварот заврши 0:0.
Нигерија имаше подобри шанси за победа и во текот на натпреварот, особено во првото полувреме, кога им беше поништен гол поради фаул, по прегледување на ВАР снимката.
Во серијата пенали првите два изведувања на Египет, од страна на Мохамед Салах и Омар Мармуш, не беа реализирани, што се покажа како клучен момент. Нигерија, пак, ги искористи своите шанси и триумфираше со 4:2.
Утре, во големото финале на АФКОН, за титулата африкански шампион ќе се сретнат домаќинот Мароко и Сенегал.
CATEGORIES Фудбал


