ДРАМА И МОЌ: МОНРОВАТА ДОКТРИНА ОЖИВЕА ПО 200 ГОДИНИ – Европа настрана, САД ја брани доминацијата во Латинска Америка
Што е Монроовата доктрина и зошто е важна за САД

Претседателот Доналд Трамп денес зборуваше за нападот врз главниот град на Венецуела и киднапирањето на претседателот Николас Мадуро, повикувајќи се на Монроовата доктрина.
„Сите овие дејствија (наводен шверц на дрога од Венецуела) се груби прекршувања на основните принципи на американската надворешна политика кои постојат повеќе од два века. Уште од Монроовата доктрина, а таа е голема работа, Америка ја надмина и ја заборави, но сега повеќе не ја забораваме. Според новата национална стратегија, американската доминација никогаш повеќе нема да биде доведена во прашање. Под мојата администрација, јасно ја потврдуваме моќта на САД низ целиот регион“, рече Трамп.
Монроовата доктрина е принцип на американската надворешна политика, прогласен во 1823 година од претседателот Џејмс Монро. Неговата основна поента има три елемтни, прво, „Америка за Американците“ и европските сили не треба да се мешаат во работите на Северна и Јужна Америка, второ, забрана за нова колонизација и Европа не смее да основа нови колонии на американскиот континент и трето, неинтервенција во Европа и САД не се мешаат во европските војни и политика.
Доктрината е создадена во време кога многу латиноамерикански земји штотуку се ослободиле од Шпанија. Целта била да се спречи враќањето на европските империи и да се зацврсти влијанието на САД на американскиот континент.
Иако првично имала одбранбена функција, подоцна САД ја користеле како оправдување за сопствено мешање во Латинска Америка.


