ДРАГАН БЈЕЛОГРЛИЌ ОТКРИ – Заради забрана, не можеме да работиме дома
Актерите од Србија кои глумат во „Свадба“ се на црната листа и не можат да работат дома

Актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ, една од главните ѕвезди на филмот „Свадба“, откри на Инстаграм дека тој и дел од неговите српски колеги кои глумат во филмот се на „црната листа“ во Србија. Поради ова, како што рече, во последните неколку години не можеле да работат во својата земја, па затоа го снимиле филмот во Хрватска, со цел да го направат омилен за целиот регион.
„Предизвикот беше токму тоа што добар дел од нас актерите од Србија кои глумат во филмот во последните години не можеме да работиме дома. На црната листа сме, забранети. Затоа отидовме во Хрватска и заедно со колегите направивме филм кој целиот регион ќе го обожава. Но, во Србија тоа не можеме да го направиме“, изјави Бјелогрлиќ.
Филмот „Свадба“ веќе ги оправдува зборовите на Бјелогрлиќ. Во Србија, каде што прикажувањето започна на 29 јануари, се формираат долги редици пред кината. И во Хрватска филмот поставува рекорди и досега 237.059 луѓе го гледале, а се очекува по овој викенд бројот да надмине 300.000.
„Свадба“ моментално е втор најгледан хрватски филм на сите времиња, пред анимираниот „Чирак“ со 227.891 гледачи, додека првото место го држи „Како започна војната на мојот остров“ со 338.000 гледачи.
Филмот ќе се прикажува и во Скопје, во Синеплекс, почнувајќи од 5 февруари.

