ДОСЕГА ОТКУПЕНИ 1,7 МИЛИОНИ КИЛОГРАМИ ТУТУН Просечна цена 419,68 денари
Министерот најави дека ќе останат на терен до последното ливче тутун

Фото: Принтскрин
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска го посети Прилеп за да ја следи тековната сезона на откуп на тутун.
Трипуновски информира дека од 320 пријавени пунктови низ државата, заклучно со вчера, отворени се 207. Од компаниите пријавени во Регистарот за откуп на тутун, само една досега не почнала со откуп, но тоа ќе се случи на почетокот на наредната недела.
Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, досега се откупени 1,7 милиони килограми тутун по просечна цена од 419,68 денари. Министерот истакна дека процесот се одвива во добра атмосфера и најави дека ќе останат на терен до последното ливче тутун, со очекување сезоната да заврши успешно.
CATEGORIES Бизнис
TAGS Топ вест


