ДОМОТ НА КУЛТУРАТА ВО ЧЕНТО ДОБИ НОВ ЛИК – Погледнете како изгледа внатре
Современ и енергетски ефикасен, Домот на културата е подготвен за најразлични настани.

Фото: Принтскрин
Денеска свечено беше отворен реконструираниот Дом на културата „11 Октомври“ во населбата Ченто, кој спаѓа во културните објекти на Општина Гази Баба.
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, на отворањето истакна дека овој настан значи повеќе од само отворање на објект и тој претставува симбол на нов почеток, обновена енергија и зголемена грижа за културниот живот. На свеченоста присуствуваше и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.
Министерот Љутков додаде дека со инвестиција од над 87 милиони денари, обезбедена преку капиталните дотации за културата, Домот на културата е целосно реконструиран. Сега објектот е модерен, функционален и енергетски ефикасен, прилагоден за одржување на различни културни настани.
CATEGORIES Култура
