ДОКОЛКУ ИЗБИЕ НУКЛЕАРНА ВОЈНА Еве каде има најголеми шанси да се спасите
Експертите предупредуваат дека никој не е целосно безбеден, но неколку земји имаат поголеми шанси за преживување.

Целосна нуклеарна размена меѓу големите сили би можела да се заврши за само 72 минути.
Глобалната безбедносна ситуација драматично се влоши во последните години, а аналитичарите предупредуваат дека светот не бил толку нестабилен од врвот на Студената војна. Додатна тензија предизвикаа и изјавите на Елон Маск дека голем меѓународен конфликт би можел да избие „во следните 5 до 10 години“. Во ваква атмосфера, прашањето за потенцијална нуклеарна војна повеќе не звучи како научна фантастика.
Со кризи што се тлеат истовремено во Иран, Израел, Газа и Венецуела, се отвора прашањето: постои ли воопшто безбедно место на Земјата во случај на глобална катастрофа?
Истражувачите на глобални ризици со години моделираат различни сценарија. Новинарката Ени Јакобсен, финалистка на Пулицерова награда и авторка на книгата „Нуклеарна војна: Сценариото“, врз основа на класифицирани документи и интервјуа со експерти, предупредува: целосна нуклеарна размена меѓу големите сили може да заврши за само 72 минути.
Таков конфликт би имал катастрофални последици: огромни жртви, радиоактивно зрачење, пожари што би испратиле огромни количини саѓи во атмосферата и предизвикале нуклеарна зима. Падот на температурите и колапсот на земјоделството би можеле да доведат до смрт на милијарди луѓе од глад.
Иако никој не би бил целосно заштитен, експертите сметаат дека одредени земји имаат значително поголеми шанси за преживување, поради изолација, неутралност и способност за производство на сопствена храна.
Најпогодни локации за преживување на глобални конфликти се: Австралија и Нов Зеланд кои се далеку од потенцијални цели, со развиено земјоделство и мала густина на население; Нов Зеланд дополнително се издвојува по стабилното општество и планинскиот терен. Аргентина и Чиле се географски заштитени од Андите и Тихиот Океан, со богати земјоделски ресурси и стабилна инфраструктура. Уругвај и Парагвајсе– мирни, економски самостојни земји во Јужна Америка. Швајцарија е позната по неутралноста, со мрежа на засолништа и планински утврдувања. Исланд е изолирана географски, енергетски независна благодарение на геотермалната енергија. Бутан и Гренланд се ретко населени, политички неутрални, оддалечени од геополитички жаришта. Фиџи и други островски земји во Пацификот се оддалечени од големите светски сили и клучните воени патишта. Индонезија иако густо е населена, се наоѓа надвор од главните геополитички тензии и традиционално води политика на неврзаност.
Сè уште важи правилото дека никој на планетата не би бил целосно безбеден, но овие земји имаат најголема шанса да избегнат директни удари и да одржат основни услови за живот во првите години по катастрофата.


