ДОКОЛКУ АМЕРИКА ЈА НАПУШТИ БИТКАТА – Еве го новиот план на ЕУ со две сценарија за Украина

Зголемениот притисок на САД врз Киев го тера Брисел да разгледува модел на финансирање и поддршка без Вашингтон, иако е неизвесно дали тоа е одржливо.

ДОКОЛКУ АМЕРИКА ЈА НАПУШТИ БИТКАТА – Еве го новиот план на ЕУ со две сценарија за Украина
Фото: Принтскрин

Европските дипломати подготвуваат сценарио за поддршка на Украина во случај САД да се повлечат од конфликтот, објавува Блумберг, повикувајќи се на извори.

Загриженоста на ЕУ е предизвикана од новата Стратегија за национална безбедност на Белата куќа, која укажува на можен пресврт од страна на Вашингтон.

Неименуван функционер на ЕУ наведува дека зголемениот притисок на САД врз Киев ги тера европските лидери да разгледаат модел на независно финансирање на Украина, без да се потпираат на Вашингтон. Сепак, сè уште не е јасно дали таквиот план би бил одржлив.

Блумберг наведува две можни сценарија за повлекување на САД. Според првото, би дошло до целосно суспендирање на американската помош за Киев – воена, разузнавачка и финансиска, што би значело и намалување на притисокот врз Русија а според второто, Трамп ја прогласува војната за „европски проблем“, но продолжува да продава оружје на НАТО, кое потоа би било предадено на Украина.

Функционерот истакнува дека европските лидери сакаат да постигнат договор што е можно поскоро, за да го избегнат ризикот Вашингтон да „ги измие рацете“ и да престане со помош на Украина.

CATEGORIES
TAGS
Share This