ДОГОВОРИЛЕ СРЕДБА ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА ДОЛГ И ПОЧНАЛО ПУКАЊЕ Поднесено обвинение за убиство и обид за убиство во Арачиново

поред обезбедените докази во истрагата, на 1 ноември 2024 година во Арачиново, двајцата браќа на возраст од 23 и 31 година со умисла и на подмолен начин го лишиле од живот едно лице, додека се обиделе да го убијат и неговиот син.

ДОГОВОРИЛЕ СРЕДБА ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА ДОЛГ И ПОЧНАЛО ПУКАЊЕ Поднесено обвинение за убиство и обид за убиство во Арачиново

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против две лица кои се товарат дека како соизвршители сториле едно кривично дело – убиство и едно кривично дело – убиство во обид.

Според обезбедените докази во истрагата, на 1 ноември 2024 година во Арачиново, двајцата браќа на возраст од 23 и 31 година со умисла и на подмолен начин го лишиле од живот едно лице, додека се обиделе да го убијат и неговиот син. Настанот се случил откако обвинетите се договориле со оштетените – татко и син – да се сретнат за да разговараат околу наводен долг од 7.000 евра.

По пристигнувањето на договорената локација со автомобил, по краток разговор, едниот од обвинетите извадил пиштол и започнал да пука кон таткото и синот. Од нанесените огнострелни повреди таткото починал на местото на настанот, додека синот се здобил со тешки телесни повреди.

Јавниот обвинител достави и предлог до Основниот кривичен суд Скопје за продолжување на мерката притвор за двајцата обвинети, посочувајќи дека се уште постојат законските основи за примена на најстрога мерка за обезбедување на нивното присуство во постапката.

CATEGORIES
Share This