ДОГОВОР ЗА БЛОКАДИТЕ НА ПОВИДОК – Состанок за проблемите на превозниците од Западен Балкан во Шенген зоната
Превозниците од Србија и Босна продолжуваат со блокади, Северна Македонија и Црна Гора прекинаа

На 3 февруари, вторник, ќе се одржи состанок на министрите од земјите на Западен Балкан со претставници на Европската комисија, на кој ќе се разговара за проблемите со превозот во Шенген зоната. Ова го соопшти шефот на Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, Луиџи Сорека, кој синоќа телефонски разговараше со претседавачката со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто.
Разговорот се однесуваше на прекините во непречениот проток на стоки и функционирањето на меѓународниот транспорт, предизвикани од блокадите на граничните товарни терминали кон земјите од ЕУ.
Новата визна стратегија на ЕУ, која ќе овозможи пофлексибилни правила за прекугранични работници, се очекува да ја олесни работата на превозниците од Западен Балкан.
Блокадите на граничните премини започнаа на 26 јануари, кога возачите од Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина протестираа поради новиот систем за контрола на влез и излез (ЕЕЅ) во Шенген зоната, кој според нив дискриминира превозници од ЕУ.
Денес, превозниците од Србија и Босна и Херцеговина продолжуваат со блокадите, додека возачите од Црна Гора и Северна Македонија ги прекинаа протестите откако ЕК најави нова визна стратегија која би го решила проблемот со ограничувањата за престој на професионалните возачи.

