ДОДИК ОД МОСКВА СЕ ЗАКАНИ НА СЛОВЕНИЈА „Ако воведете санкции, следуваат реципрочни мерки“
Додик со овие пораки испраќа јасна закана дека секоја санкција ќе наиде на одговор, а неговите изјави доаѓаат во време на засилени тензии во односите меѓу Република Српска и западните земји.

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој се соочува со меѓународна потерница и е под санкции од страна на неколку западни држави, изјави дека ентитетот ќе преземе реципрочни мерки доколку Словенија воведе санкции против него или институциите на РС.
Во интервју дадено од Москва за РТРС, Срна и АТВ, Додик предупреди дека Република Српска ќе одговори со соодветни чекори ако Љубљана реши да тргне по патот на санкции.
„Ако Словенија и нејзината политика започнат политика на санкции, ќе најдеме начин да одговориме на нив. Словенците мора да знаат дека ќе спроведеме реципрочни мерки во РС, што и да значи тоа“, рече Додик, додавајќи дека е можно словенечките министри да добијат забрана за транзит низ територијата на РС.
Тој се потсети на претходен инцидент со германски министер кој, според него, морал да ја напушти Република Српска поради политички несогласувања, укажувајќи дека ваквите мерки не се само закани, туку реална можност.
Додик упати апел и до словенечките компании кои работат во РС, истакнувајќи дека се добредојдени, но и дека мора да бидат свесни дека „политиката им прави лоша услуга“.
„Во Сараево можат да се смеат на ова, но ќе видат дека е изводливо“, изјави тој.
Додик со овие пораки испраќа јасна закана дека секоја санкција ќе наиде на одговор, а неговите изјави доаѓаат во време на засилени тензии во односите меѓу Република Српска и западните земји.


