ДОДИК КАПИТУЛИРА ПРЕД АМЕРИКАНЦИТЕ – Референдумот во РС не се одржа

Народното собрание на Република Српска претходно на 22 август годинава ја усвои одлуката за распишување референдум, но, тоа било изгледа само обид за собирање политички поени и претставува уште едно собраниско понижување

ДОДИК КАПИТУЛИРА ПРЕД АМЕРИКАНЦИТЕ – Референдумот во РС не се одржа
Фото: Принтскрин

Денеска (25.10.) во Република Српска требаше да се одржи референдум на кој граѓаните ќе се изјаснуваа дали ги прифаќаат одлуките на високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, пресудата на Судот на Босна и Херцеговина против поранешниот претседател на РС, Милорад Додик, како и одлуката на Централната изборна комисија на БиХ да му се одземе мандатот. Референдумот, сепак, не се одржа.

Медиумите во Босна и Херцеговина денеска пишуваат дека референдумот бил измама и манипулација со народот. Народното собрание на Република Српска претходно на 22 август годинава ја усвои одлуката за распишување референдум, но, тоа било изгледа само обид за собирање политички поени и претставува уште едно собраниско понижување.

Неодржувањето на референдумот се прикажува како предавство и капитулација нагласувајќи дека Додик продолжува да ги исполнува очекувањата на странците, уништувајќи ја РС економски, демографски и на други полиња. Дури с еоди дотаму што с етврди дека сè што има Република Српска е предадено на странци, а оваа последна капитулација со референдумот е врвот на предавство од страна на Додик.

Референдумот беше најавен, но, денеска беше игнориран од властите во РС. Прашањето на кое требаше денеска граѓаните во Република Српска да се изјаснат гласеше:

„Дали ги прифаќате одлуките на неизбраниот странец Кристијан Шмит и пресудата на неуставниот Суд на Босна и Херцеговина против претседателот на РС, како и одлуката на ЦИК за одземање на мандатот на претседателот на РС Милорад Додик?“

CATEGORIES
TAGS
Share This