ДОДИК ГО ОТПИША И ВУЧИЌ – Ги надживеав сите српски претседатели, на ред е и сегашниот Вучиќ
Сензација на телевизија каде Додик навестува дека и актуелниот претседател на Србија може да стане минато

Интересно видео кружи на социјалните мрежи на кое е прикажано гостувањето на Милорад Додик, претседател на Сојузот на независните социјалдемократи (СНСД), во телевизиска емисија.
Додик во телевизиското гостување зборува за својот долгогодишен политички опстанок и односите со претседателите на Србија. Тој посочува дека за време на кариерата „надживеал“ повеќе српски претседатели, истакнувајќи го континуитетот на својот авторитет во Република Српска.
„Ги поминав Милошевиќ, Коштуница, Тадиќ, Томислав Николиќ, а сега и Вучиќ“, изјави Додик.
Видеото со изјавата на Додик предизвика бројни реакции на социјалните мрежи и во јавноста, каде што неговите зборови се толкуваат како нагласување на политичката долговечност и влијание, но и како сводевидна провокација за промените во власта во Србија во последните децении. Коментарите одат дотаму што Додик веќе го гледа како и политичко минато и актуелниот претседател на Србија, Александар Вучиќ.
Додик угасио Вучића!
“Прешао сам Милошевића, Коштуницу, Тадића, Тому Николића и ево сад Вучића”.
Fb: Glas pravedne Srbije pic.twitter.com/74oE0320ro
— Željko Kisa (@ZeljkoKisa) December 20, 2025


