ДОДИК: БИХ НЕМА СМИСЛА Системот во Сараево е секташки

Тој нагласи дека постојат обиди преку Сараево да се создаде впечаток дека нешто ќе се смени, но како што рече, секој што ќе се најде на негово место ќе ја има истата судбина доколку не прифати диктати.

ДОДИК: БИХ НЕМА СМИСЛА Системот во Сараево е секташки
Фото: Принтскрин

Лидерот на СНСД, Милорад Додик, изјави дека изборите нема да донесат никакви промени и дека оваа партија ќе продолжи да биде на власт.

„СНСД останува владејачка партија, јас останувам претседател. Моите соработници ја потврдија својата лојалност, а коалицијата во Република Српска функционира стабилно и соработката е многу добра“, изјави Додик за СРНА и РТРС во Сочи.

Тој нагласи дека постојат обиди преку Сараево да се создаде впечаток дека нешто ќе се смени, но како што рече, секој што ќе се најде на негово место ќе ја има истата судбина доколку не прифати диктати.

„Тоа е систем што сакаат да го воспостават, а токму тоа е дополнителна причина да се покаже дека оваа БиХ нема никаква смисла“, додаде Додик.

Коментирајќи ги последните случувања, тој рече дека тоа е одраз на „менталитетот на Сараево, на една секташка логика“.

„Тоа е нивното разбирање на работите, а Елемедин Конаковиќ беше доволно несмасен за јавно да го покаже“, истакна Додик.

CATEGORIES
Share This