ДОБРО Е ШТО СДС ПРИЗНАВА ДЕКА ЕКОНОМИЈАТА ЗАЖИВУВА – БДП расте и инфлацијата, која во нивно време беше двоцифрена, се намалува

Добро е што СДС со своите прес-конференции признава дека добро осмислените економските политики и мерки преземени и имплементирани од страна на Владата, даваат резултати.

ДОБРО Е ШТО СДС ПРИЗНАВА ДЕКА ЕКОНОМИЈАТА ЗАЖИВУВА – БДП расте и инфлацијата, која во нивно време беше двоцифрена, се намалува
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

По слободниот пад на економијата кои тие го оставија, за нецела година власт на ВМРО-ДПМНЕ, се вратија позитивните трендови на раст на БДП.

Трето тримесечје по ред, Македонија бележи раст на БДП за 3 или над 3%.

Имајќи предвид каква економска состојба беше наследена, ова е повеќе од добар резултат којшто ги поставува основите за понатамошен раст и развој на економијата.

Да и ние, до некаде, ќе се согласиме дека потребен е поголем раст и за таа цел Владата посветено работи, проекти и применува мерки и политики со кои ќе постигне планираниот раст на БДП за годинава од 3,7%.

А, целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е во наредните години растот на економијата да достигне и да надмине 4% раст на БДП.

Кога СДС, исто така, зборува и лие крокодилски солзи за инфлацијата, која постепено и таа се намалува и се става под контрола, ако заборавиле, ги потсетуваме дека за време на нивното владеење инфлацијата, која го јадеше стандардот на граѓаните, беше двоцифрена.

Добро е што СДС со своите прес-конференции признава дека добро осмислените економските политики и мерки преземени и имплементирани од страна на Владата, даваат резултати. Дека полека заживува економијата која тие ја оставија опустошена, дека расте БДП и се намалува инфлацијата, која во време на нивно владеење беше двоцифрена.

CATEGORIES
Share This