ДОБРИ ВЕСТИ ОД БАКИНГЕМ Третманот на кралот Чарлс ќе биде значително намален
Кралот ја користи својата искуство за да ги охрабри луѓето на рано тестирање за рак

Кралот Чарлс Трети сподели „добри вести“, истакнувајќи дека поради раната дијагноза и успешната интервенција, неговиот третман за болеста ќе биде значително намален во новата година, пренесе „Би-би-си“.
Во видео порака, британскиот монарх рече:
„Оваа пресвртница е и личен благослов и доказ за извонредниот напредок што е постигнат во грижата за пациентите со рак.“
Кралот откри во февруари 2024 година дека има рак, но не прецизираше за кој тип се работи. Според Бакингемската палата, неговото закрепнување е достигнало многу позитивна фаза, а тој „одговараше исклучително добро на третманот“. Лекарите сега ќе го префрлат третманот во „превентивна фаза“.
Фреквенцијата на третманот ќе биде значително намалена, но не е соопштено дека кралот е во ремисија или целосно излекуван.
Пораката на Чарлс Трети е дел од национална кампања за охрабрување на луѓето да се тестираат за рак и да ги искористат програмите за скрининг, нагласувајќи дека раното откривање може драматично да го подобри исходот на лекувањето.
„Од лично искуство знам дека дијагнозата на рак може да биде многу тешка. Сепак, знам и дека раното откривање е клучот што може да го трансформира текот на лекувањето, давајќи им непроценливо време на медицинските тимови“, рече кралот.
Тој додаде:
„Раното откривање може да спаси живот – вашиот или животот на некој што го сакате може да зависи од тоа.“


