ДОБРА ВЕСТ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ Слободно ќе патуваат кон Грција, земјоделците го прекинуваат штрајкот за празниците
Земјоделците донесоа одлука за прекин на блокадите за време на празниците.

Фото: Принтскрин
Во изминатите недели, голем број македонски државјани се соочија со проблеми при патувањето кон и од Грција поради штрајк на земјоделците, што доведе до затворање на граничните премини.
Според грчките медиуми, за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните слободно да можат да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите, а граничните премини и патиштата ќе бидат отворени во два периоди: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември, и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
CATEGORIES Бизнис


