ДОБРА ВЕСТ ЗА 11.000 АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ – Годишно зголемување на платите од 8% до 2028 година

Договорот е резултат на речиси две години преговори и синдикални протести

ДОБРА ВЕСТ ЗА 11.000 АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ – Годишно зголемување на платите од 8% до 2028 година
Фото: Принтскрин

Од март годинава па сè до 2028 година, околу 11.000 административни службеници ќе добиваат годишно зголемување на платите од 8%, дополнето со законско усогласување со растот на минималната плата. По речиси две години преговори, притисоци и протести од страна на синдикатите, конечно е постигнат договор со Владата.

Договорот предвидува континуирано покачување на платите со цел постепено подобрување на животниот стандард на административците и намалување на заостанувањето на нивните примања во однос на трошоците за живот. Синдикатите ја оценија оваа мерка како значаен исчекор, но истовремено нагласуваат дека борбата за достоинствени плати и подобри услови за работа продолжува.

Владата истакна дека договорот е резултат на социјален дијалог и компромис, со цел да се обезбеди стабилност во јавниот сектор и мотивираност на вработените. Првото покачување ќе се примени со мартовската плата, а договорената динамика ќе важи до 2028 година, освен ако не се донесе ново усогласување.

CATEGORIES
TAGS
Share This