ДКСК ЈА ЧЕШЛА РЕГУЛАТИВАТА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦИ Утврдени низа ризици со последици за безбедноста на гостите

ДКСК ја почна проверката на законите по трагедијата со пожарот во Кочани. ДКСК утврдила дека се врши упис во регистар на угостителски објекти без претходна проверка дали ги исполнуваат минимално потребните техничките услови.

ДКСК ЈА ЧЕШЛА РЕГУЛАТИВАТА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦИ Утврдени низа ризици со последици за безбедноста на гостите

Државната комисија за спречување на корупција на денешната седница го разгледуваше извештајот од спроведената проверка на легислативата на одредби кои се однесуваат на издавањето на лиценци, одобренија, дозволи за работа на угостителски објекти и слично, како и за вршење надзор во Законот за угостителска дејност, Законот за заштита и спасување, Законот за инспекциски надзор, Законот за локална самоуправа, Законот за заштита од експлозивни материи и Законот за промет на експолозивни материи, при што утврди низа ризици.

ДКСК ја почна проверката на законите по трагедијата со пожарот во Кочани. ДКСК утврдила дека се врши упис во регистар на угостителски објекти без претходна проверка дали ги исполнуваат минимално потребните техничките услови.

Ризикот се состои во тоа што постапката е само формално завршена, што може да има последици по здравјето и безбедноста на гостите.

Според Комисијата, регулаторен ризик се забележува и во однос на проверката на условите за вршење угостителска дејност, во постапката и условите за давање лиценца, во однос на казните, а не е јасно и кои дополнителни дејности покрај угостителската се опфатени со Законот.

„Во член 4а став 2 утврдивме регулаторен ризик – одредбата овозможува упис на физички лица во Региостарот за вршење угостиелска дејност без претходна проверка од надлежен орган за исполнетоста на минимално техничките услови, доволно е лицето само да достави пријава до ДПИ без обврска надлежниот орган да ја верификува точноста на наводите. Ризикот е во тоа што постапката е формално завршена без реална потврда на исполнетост на условите што создава правна празнина поради отстуство на обврската за контролен надзор прд регистрација и се отвора простор за декларативни пријави што во пракса значи дозвола за вршење дејност без реална проверка шт може да има последици врз здравјето и безбедноста на гостите. ДКСК препорачува во Законот да се предвиди обврска за доставување писмена согласност од ДПИ или друг надлежен орган со што ќе се потврди исполнетоста на минимално техничките услови пред уписот во Регистарот. Неопходно е да се пропише обврска ДПИ да изврши увид во определен рок, на пример 15 дена, како и санкции во случај на невистинито пријавување вклучувајќи можност за казна или одземање на одобрението, истакна претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска.

Во однос на казните, наместо предвидените инспекциски мерки како опомена, задолжување или забрана, се предвидува врачување покана за едукација што не е, рече Димитровска, во согласност со важечките законски процедури.

„Ова создава правна колизија и води кон правна несигурност во постапувањето на инспекторите и остава простор за различна, призволна примена на инспекциските овластувања. И во делот на прекршочните одредби е утврден регулаторен ризик. Висината на глобите не е сразмерна со тежината на можните последици особено кога прекршувањата се однесуваат на заштитата на животот, здравјето и безбедноста на луѓето. Се препорачува да се преиспитаат прекршочните одредби за да се обезбеди сразмерност меѓу висината на глобите и сериозноста на последиците, особено кај прекршувањата се однесуваат на здравјето и безбедноста на луѓето. Треба да се примени и трикратниот износ на глоба за сериозни прекршоци, истакна претседателката на ДКСК.

Заклучокот на ДКСК е дека во Законот за угостителска дејност постојат бројни регулаторни ризици поради недоволно прецизно, нецелосно и неконзистентно уредени постапки, отсуство на функционални контролни механизми и можност за декларативно исполнување на условите без фактичка проверка од надележен орган.

„Се забележува и правна неусогласеност со други системски закони, пред се со Законот за инспекциски надзор и Законот за прекршоци што води до правна несигурност и различа примена во пракса. Овие нормативни слабости создаваат простор за корупција, злоупотреба на дискрециски овластувања и нееднакво постапување кон различни субјекти во идентични или слични ситиации, потенцира претседателката на ДКСК.

CATEGORIES
Share This