ДИСЛОКАЦИЈА НА ЦЕМЕНТАРНИЦАТА УСЈЕ – Советот на Скопје едногласно одлучи
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ќе се обрати до Владата за отпочнување на постапка за дислокација

Фото: Национал
Советот на Град Скопје едногласно одлучи да отпочне постапка за дислокација на цементарницата „Усје“ и на сите големи индустриски загадувачи од Скопската Котлина.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски е задолжен да се обрати до Владата за начинот на дислокација, а Градот и Министерството за животна средина ќе проверат дали „Усје“ и другите големи загадувачи ги исполнуваат еколошките стандарди. Државниот инспекторат за животна средина ќе изврши ненајавени инспекции.
Советот исто така ги повика општините и Градот Скопје при изработка на урбанистички планови да ги земат предвид еколошките наоди.
Седницата траеше повеќе од 10 часа, а граѓани истовремено протестираа барајќи дислокација на „Усје“.
CATEGORIES Македонија
TAGS Топ вест


