ДИРЕКТОРКАТА НА БРО ТРИМЧЕВСКА Професионалниот развој е клучна инвестиција во образованието и иднината на општеството

Во заклучок, Тримчевска подвлече: „Професионалниот развој не е само потреба, туку е и инвестиција во наставниците, учениците и во иднината на целото општество.“

ДИРЕКТОРКАТА НА БРО ТРИМЧЕВСКА Професионалниот развој е клучна инвестиција во образованието и иднината на општеството
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Професионалниот развој на наставниците претставува клучна инвестиција која директно влијае врз квалитетот на образованието и иднината на учениците и општеството, истакна директорката на Бирото за развој на образованието, Милка Тримчевска, во своето гостување во подкастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува – УЖ“.

Говорејќи на темата „Професионалниот развој – услов за квалитетно образование“, Тримчевска ја нагласи важноста на континуираното стручно усовршување на наставниот и стручниот кадар, особено во време на интензивни општествени, технолошки и педагошки промени.

„Наставникот мора постојано да се надградува за да остане релевантен, компетентен и мотивиран, и притоа да ги мотивира и останатите околу себе“, изјави Тримчевска.

Таа посочи дека Бирото за развој на образованието, како национална институција, има клучна улога во координацијата и поддршката на професионалниот развој преку мрежа на советници и експерти, развој и акредитација на програми, организирање обуки, менторства и издавање стручни прирачници и материјали.

Според неа, акцентот е ставен на практично ориентирани обуки, дигитални компетенции, инклузивна пракса и унапредување на наставната методологија. Во таа насока, Бирото активно соработува со домашни и меѓународни партнери за развој на современи и иновативни модели на стручно усовршување.

„Доживотното учење е признат принцип во сите современи образовни политики. Тоа значи дека учењето не завршува со диплома или сертификат, туку продолжува во текот на целата професионална кариера“, рече Тримчевска,додавајќи дека тоа е единствениот начин да се обезбеди континуирано подобрување на наставата, на ученичките резултати и на професионалното задоволство на наставниците.

Во заклучок, Тримчевска подвлече: „Професионалниот развој не е само потреба, туку е и инвестиција во наставниците, учениците и во иднината на целото општество.“

CATEGORIES
TAGS
Share This