ДИРЕКТНО ПРИЗНАНИЕ ДЕКА САД ВОДИ ВОЈНА СО РУСИЈА ВО УКРАИНА Воените операции планирани и координирани од заеднички американско-украински штаб

Во тој штаб се планирани операциите, спроведувањето на воените активности на терен и обезбедувањето на поребите за Вооружените сили на Украина со пренесување на барањата во Вашингтон и европските престолнини

ДИРЕКТНО ПРИЗНАНИЕ ДЕКА САД ВОДИ ВОЈНА СО РУСИЈА ВО УКРАИНА Воените операции планирани и координирани од заеднички американско-украински штаб

Она што гласно се говори во јавноста дека покрај Украина и Соединетите Американски Држави водат војна со Русија, доби потврда од поранешниот командант на украинските Вооружени сили и украински амбасадор во Велика Британија, Валериј Залужни.

Тој на социјалните мрежи напиша дека САД и Украина во штабот во Визбаден, Германија ги планирале и спроведувале воените операции од почетокот на војната во Украина. Во тој штаб се планирани операциите, спроведувањето на воените активности на терен и обезбедувањето на поребите за Вооружените сили на Украина со пренесување на барањата во Вашингтон и европските престолнини.

„Со текот на времето сфативме дека ни треба заеднички оперативен штаб со нашите партнери за да ги процениме потребите за оружје и опрема врз основа на оперативното планирање“, вели Залужниј.

Залужни уште додава дека секој ден, американските и украинските офицери избирале цели заедно, анализирајќи сателитски снимки и пресретнуваа комуникации и електронски сигнали за да ги идентификуваат руските распоредувања, кои потоа ги споделија со украинската војска.

Инаку, постоењето на овој штаб наречен „Таск Форс Драгон“, бил на иницијатива предводена од САД кој им обезбедувал на украинските сили разузнавачки информации во реално време, вклучително и координати на руските воени позиции и внатре во руската територија. Не е познато дали по промената на власта во САД и доаѓањето на новата администрација на Доналд Трамп, овој штаб сè уште постои.

Залужниј во февруари 2024 година беше сменет од врховен командант на украиските вооружени сили и беше распореден на нова должност како украински амбасадор во Обединетото Кралство во јули 2024 година

CATEGORIES
Share This