ДИРЕКТЕН ПРЕНОС – Трамп ја следеше акцијата во Венецуела во живо
Трамп и неговите соработници ја следеа тајната операција на командоси во живо

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја следи акцијата во Венецуела „од час во час“ и дека сè гледа „како да гледа ТВ-емисија“.
Трамп и неговите соработници ја следеа тајната операција на командоси во живо. Тој ги сподели деталите за акцијата на прес-конференција во Мар-а-Лаго, на која присуствуваа и други високи официјални лица.
Кратко по завршувањето на прес-конференцијата, Трамп објави фотографии на својата социјална мрежа TruthSocial, на кои се гледа како заедно со најблиските соработници ја следи операцијата во реално време.
На фотографиите се забележуваат државниот секретар Марко Рубио, министерот за одбрана Пит Хегсет и други официјални лица, чијшто израз на лицето е сериозен и напнат додека акцијата се емитуваше во живо.
Операцијата „Апсолутна решителност“ заврши со заробување на венецуелскиот лидер Николас Мадуро, неговата сопруга, син и уште три лица.
По апсењето, Мадуро беше префрлен на американскиот воен брод „USS Iwo Jima“, а потоа во базата на САД во Гвантанамо, Куба, и конечно ќе биде пренесен во Њујорк за да се соочи со судење.



