ДИПЛОМАТСКО РЕШЕНИЕ НАМЕСТО ВОЈНА – Кина ја повикува меѓународната заедница
Кинескиот министер за надворешни работи предупреди дека конфликтот може да ја дестабилизира целата регија.

Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, оцени дека нападот на Соединетите Американски Држави и Израел врз Иран претставува опасна ескалација која не користи на ниту една страна и дополнително ја дестабилизира ситуацијата на Блискиот Исток.
Ванг Ји истакна дека започнувањето на нова војна во регионот претставува сериозен удар врз меѓународната безбедност и повика сите страни веднаш да ги прекинат непријателствата.
„Војната на Блискиот Исток не требаше да започне и не е во интерес на никого“, нагласи тој.
Шефот на кинеската дипломатија посочи дека меѓународното право мора да остане основата за решавање на кризата и предупреди дека воената ескалација може да предизвика поширока регионална нестабилност.
„Потребно е веднаш да се прекинат борбените операции, а суверенитетот на Иран и на сите земји од Персискиот Залив мора да се почитува“, додаде Ванг Ји.
Во последните денови, Пекинг постојано повикува на политичко и дипломатско решение на кризата, предупредувајќи дека продолжувањето на конфликтот меѓу САД, Израел и Иран би можело да има сериозни последици за стабилноста на Блискиот Исток и за глобалната безбедност.


