ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: НЕМА ДОЦНЕЊЕ НА ПОВРАТОТ НА ДДВ Станува збор за технички проблем во системите на УЈП
Според неа, дигитализацијата и воведувањето на е-фактура ќе помогнат да се надминат досегашните проблеми и злоупотреби во системот.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска тврди дека нема доцнење во повратот на ДДВ и дека нема проблем со Буџетот, туку дека станува збор за технички проблеми во системите на УЈП, кои не биле надградувани од 2011–2012 година.
Таа посочи дека државата се задолжува во рамки на планираното и дека за идната година се анализираат пазарите, со можност за издавање еврообврзница. Според неа, дигитализацијата и воведувањето на е-фактура ќе помогнат да се надминат досегашните проблеми и злоупотреби во системот.
CATEGORIES Бизнис


