ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА – Минималната плата е дијалог меѓу работодавачи и работници

Одлуката за измени во Општиот колективен договор гИ штити најниско платените вработени од можни намалувања.

ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА – Минималната плата е дијалог меѓу работодавачи и работници
Фото: Принтскрин

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, истакна дека Владата е одговорна кон сите граѓани и нема да дозволи намалување на платите, особено кај оние со најниски примања во администрацијата. Според неа, предложената методологија за покачување на платите би значела дека вработените со највисоки плати ќе добијат најголемо зголемување, додека дел од оние со најниски плати дури би имале намалување. Затоа, Владата одлучила Општиот колективен договор да претрпи измени.

Димитриеска-Кочоска појасни дека за минималната плата треба да се договорат работодавачите и работниците, а Владата ќе биде набљудувач.

„Платите за работниците во приватниот сектор ги обезбедува приватниот сектор, а Владата е задолжена за платите во администрацијата“, рече таа.

Истакна дека секој работник треба да добие повисока плата, но тоа зависи и од економските правила и условите за стабилизирање на економијата.

Министерката најави изградба и доградба на болниците во Штип, Тетово и Кичево, со целосно опремување со современа медицинска опрема. Проектот се проценува на околу 200 милиони евра, а точната сума ќе се утврди по анализата на понудите од банките.

Таа се осврна и на реализацијата на капиталните расходи, општинските проекти, Коридорите 8 и 10д, воведувањето на е-фактура и други инфраструктурни активности, нагласувајќи дека Владата продолжува со планските инвестиции и модернизација на јавните услуги.

CATEGORIES
Share This