ДИК НЕ ДОНЕСЕ УПАТСТВО ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ ЛИСТИ НА КАНДИДАТИ – Несогласување меѓу членовите и повикување на консензус за немнозинските заедници

Согласно процедурата, прашањето ќе биде разгледано од правната служба на ДИК, која во определен рок ќе даде писмено мислење.

ДИК НЕ ДОНЕСЕ УПАТСТВО ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ ЛИСТИ НА КАНДИДАТИ – Несогласување меѓу членовите и повикување на консензус за немнозинските заедници

Државната изборна комисија (ДИК) денеска не го усвои упатството за пополнување на образец за листи на кандидати за членови на советите на општините и Градот Скопје, откако членката Дитмире Шеху побара одлуката да се донесе едногласно. Таа се повика на Изборниот законик, според кој одлуки што се однесуваат на немнозинските заедници мора да се донесат со консензус, доколку тоа го побара член на Комисијата.

Шеху оцени дека упатството е спорно, бидејќи се темели на одлука на Владата за бројот на советници врз основа на податоци од пописот, наместо на Законот за локална самоуправа.

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, потсети дека слично упатство било донесено и за изборите во 2021 година, но по гласањето (пет „за“ и два „против“) констатираше дека не е постигнат консензус и упатството не може да стапи во сила.

Согласно процедурата, прашањето ќе биде разгледано од правната служба на ДИК, која во определен рок ќе даде писмено мислење. Доколку се најде решение, Комисијата повторно ќе расправа за оваа точка.

На денешната 130. седница, ДИК донесе и неколку други одлуки поврзани со изборниот процес, меѓу кои и упатство за набљудување на изборната постапка.

CATEGORIES
Share This