ДЕРБИ ВО ПЛАМЕН – Ова е причината за пожарот

Инцидентот предизвика неколкуминутен прекин на натпреварот поради пожар.

ДЕРБИ ВО ПЛАМЕН – Ова е причината за пожарот
Фото: Принтскрин

Црвена ѕвезда убедливо го победи Партизан со 3-0 во 178. вечно дерби, но навивачите на „црно-белите“ доживеаја непријатно изненадување од ривалските „Делии“.

Навивачите на Црвена ѕвезда на кровот над секторот каде беа сместени гостинските навивачи, спуштија транспарент на кој пишуваше:

„Секој прав Гробар го слави Фрањо Туѓман“, со намера да ги провоцираат.

Откако ја сфатија провокацијата, неколку навивачи на Партизан се качија на покривот и го запалија транспарентот, предизвикувајќи неколкуминутен прекин на натпреварот поради пожарот.

CATEGORIES
Share This