ДЕПОЗИТИ И КРЕДИТИ РАСТАТ Во банките депозитите изнесуваат 10,2 милијарди евра
Растот на депозитите го предводат домаќинствата, а кредитите се зголемуваат кај двата сектора.

Фото: Принтскрин
Во ноември годинава, годишниот раст на вкупните депозити изнесуваше 11%, додека вкупната кредитна поддршка забележа раст од 12,7%, соопшти Народната банка.
Анализирано по сектори, повисоките депозити главно се должат на растот кај депозитите на домаќинствата, додека корпоративниот сектор забележа помал пораст.
Бројките покажуваат дека граѓаните и фирмите во банките чуваат вкупно 10,2 милијарди евра, а должат 8,8 милијарди евра.
Што се однесува до кредитите, нивниот годишен раст од 12,7% се должи на зголеменото кредитирање на двата сектора, при што придонесот на корпоративниот сектор за растот беше нешто помал во споредба со домаќинствата.
CATEGORIES Бизнис
TAGS Топ вест


