ДЕНСКА ВО СКОПЈЕ Прекин во водоснабдувањето во центарот на Скопје поради дефект

ДЕНСКА ВО СКОПЈЕ Прекин во водоснабдувањето во центарот на Скопје поради дефект

Од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје (РЦУК) информираат дека според известување добиено од ЈП „Водовод и канализација“, денеска (18 октомври 2025 година) ќе има прекин во водоснабдувањето на дел од центарот на Скопје поради внатрешен дефект на улицата „Црвена Скопска Општина“ бб.

Со прекинато водоснабдување ќе бидат повеќе важни објекти, меѓу кои:
Министерството за транспорт и врски, Музичко-балетското училиште, Филхармонијата, Архивот на Македонија, Уставниот суд, хотелот „Стоун Бриџ“, како и станбените објекти во Пајко Маало.

Прекинот започна утринава во 08:30 часот и ќе трае до завршување на работните активности.
Од ЈП „Водовод и канализација“ апелираат граѓаните да имаат разбирање и да се снабдат со потребни количини вода до нормализирање на водоснабдувањето.

CATEGORIES
Share This