ДЕНЕСКА ВО ПОВЕЌЕ СКОПСКИ ОПШТИНИ Без електрична енергија во одредени периоди поради технички зафати

ДЕНЕСКА ВО ПОВЕЌЕ СКОПСКИ ОПШТИНИ Без електрична енергија во одредени периоди поради технички зафати

Неколку скопски општини денеска ќе останат без електрична енергија во различни временски интервали, поради технички зафати од страна на ЕВН Македонија, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК).

Од 8:30 до 12:30 часот струја ќе немаат жителите на улицата „Тодор Чангов“ – крак 49 во општина Аеродром, како и корисниците од селата Кожле, Летевци, Бадар, Горно Блаце, Катланово и Градманци во општина Петровец.

Во периодот од 9 до 12 часот, без напојување ќе останат дел од жителите на село Мршевци, како и објектите на компаниите „Фреш Фарм“, „Солар Ентра“, „Мијак“, „Си Мао“ и „Солант“. Истовремено, без струја ќе бидат и делови од селата Бунарџик и Ајватовци во општина Илинден.

Дополнително, од 10 до 14 часот прекин во снабдувањето ќе има и за дел од корисниците на улицата „Нерешка“ во општина Карпош.

Од надлежните апелираат до граѓаните да бидат трпеливи и да ги приспособат своите активности согласно најавените временски интервали без струја.

CATEGORIES
Share This