ДЕНЕС СОНЧЕВО И ТОПЛО Од викендот можни врнежи од дожд

Утринските температури ќе се движат од -4 до 3 степени, а дневните од 15 до 21 степен.

ДЕНЕС СОНЧЕВО И ТОПЛО Од викендот можни врнежи од дожд

Сончево и релативно топло време со мала облачност се очекува денеска во земјава, со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринските температури ќе се движат од -4 до 3 степени, а дневните од 15 до 21 степен.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб ветер. Минималната температура ќе биде околу -1 степен, а максималната околу 20 степени.

Сончево време ќе се задржи и утре, додека за викендот и почетокот на следната седмица се очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.

CATEGORIES
Share This