ДЕНЕС ПОСЛЕДНОТО ПАТУВАЊЕ НА ПАПАТА ФРАЊО Светот му оддава почит на водачот на Католичката црква
Папата Фрањо почина на 21 април, на 88-годишна возраст, по мозочен удар.

На плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан денеска се собраа околу 200.000 верници и светски лидери за да му оддадат последна почит на папата Франциск, кој започнува свое последно патување кон избраното почивалиште во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим.
Погребната мисата започнува во 10 часот, а посебна група од околу 40 бездомници, мигранти, затвореници и трансродови лица ќе го пречекаат ковчегот на папата пред базиликата „Санта Марија Маџоре“, надвор од Ватикан, каде што ќе биде погребан, во близина на неговата омилена икона на Богородица.
Многумина кампуваа преку ноќ за да обезбедат подобра позиција за следење на церемонијата.
По завршувањето на мисата, ковчегот ќе биде вратен во базиликата „Свети Петар“, а потоа ќе следи поворка низ улиците на Рим. Патот ќе минува покрај познати знаменитости, како Пјаца Венеција и Колосеумот, до базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде што папата ќе биде погребан – станувајќи првиот папа во последниот век кој нема да биде положен во базиликата „Свети Петар“. Според неговата лична желба ќе биде погребан во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим.
Ватикан потсети дека папата Фрањо лани ги поедностави папските погребни ритуали, нагласувајќи ја улогата на папата како „обичен свештеник“, а не како „моќен човек на овој свет“. По мисата, верниците ќе се наредат вдолж рутата на погребалната кола што ќе го пренесе ковчегот до неговото последно почивалиште.
Погребната церемонија во „Санта Марија Маџоре“ која ќе ја предводи кардинал Џовани Батиста Ре, декан на Колеџот на кардиналите, ќе биде приватна и ограничена на неколку кардинали, блиски соработници и неговата лична медицинска сестра. Како што самиот посакуваше, ковчегот ќе биде пречекан и од сиромашни и бездомници.
На погребот присуствуваат бројни светски лидери, меѓу кои американскиот претседател Доналд кој дојде со сопругата Меланија и за кого ова е прво патување во странство во неговиот втор мандат, украинскиот претседател Володимир Зеленски, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен, унгарскиот премиер Виктор Орбан, италијанската премиерка Џорџа Мелони и аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, британскиот премиер, принцот Вилијам. Од Македонија, на церемонијата присуствува претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Папата Фрањо почина на 21 април, на 88-годишна возраст, по мозочен удар.


