ДЕНЕС ОБЛАЧНО И ДОЖДЛИВО, НА ПЛАНИНИТЕ СНЕГ Следуваат уште врнежи во наредните денови

ДЕНЕС ОБЛАЧНО И ДОЖДЛИВО, НА ПЛАНИНИТЕ СНЕГ Следуваат уште врнежи во наредните денови

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска во земјава ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои повисоки места ќе има и мешани врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринските температури се движат меѓу 3 и 8 степени, додека дневните максимални ќе достигнат од 6 до 11 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 5 степени, а максималната ќе се искачи до 9 степени.

УХМР најавува дека и во наредните денови ќе продолжи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

CATEGORIES
Share This