ДЕН ЗА СВЕЌА И МОЛИТВА – Маршот на ангелите одложен поради Задушница
Родителите на трагично загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, минатата сабота го одржаа 28. „Марш на ангелите“, повторно барајќи правдата и вистината за случајот конечно да излезат на виделина.

Фото: Национал
Поради Задушница, оваа сабота, 1 ноември, нема да се одржи „Маршот на ангелите“, што секоја сабота го организира Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“.
„Овој ден е посветен на сеќавањето – да им запалиме свеќа, да се помолиме за нивниот вечен мир и да им оддадеме достојна почит на сите наши најмили кои повеќе не се меѓу нас. Следниот марш ќе биде најавен дополнително,“ објавија од Здружението.
Родителите на трагично загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, минатата сабота го одржаа 28. „Марш на ангелите“, повторно барајќи правдата и вистината за случајот конечно да излезат на виделина.
CATEGORIES Македонија


