ДЕМОКРАТИЈАТА ТОНЕ – Излезност под 50 отсто, 53,713 неважечки ливчиња, 200.000 гласови помалку, во 4 општини нема излезност и повторно гласање

Партиите кои се повикуваат на успех (ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица и ЗНАМ) имаат околу 200.000 гласа помалку отколку на минатогодишните избори.

ДЕМОКРАТИЈАТА ТОНЕ – Излезност под 50 отсто, 53,713 неважечки ливчиња, 200.000 гласови помалку, во 4 општини нема излезност и повторно гласање
Фото: Национал

Локалните избори покажаа загрижувачки резултати за демократијата која почнува да тоне. Излезноста беше историски најниска, под 50%, односно 48,30%.

Партиите кои се повикуваат на успех (ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица и ЗНАМ) имаат околу 200.000 гласа помалку отколку на минатогодишните избори.

Според ДИК, секое 16-то ливче беше неважечко – вкупно 53.713 ливчиња се неважечки, што е за 15.854 повеќе отколку во 2021 година. Само во Град Скопје беа 12.270 неважечки ливчиња.

Во четири општини – Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа не беше исполнет законскиот минимум од една третина излезност, па во рок од 60 дена ќе се повтори целиот прв круг на изборите.

CATEGORIES
TAGS
Share This