„DELIRIUM TREMENS“ ВЕЧЕРВА ГОСТУВА ВО ДРАМСКИ Претстава која се движи низ различни театарски форми

Претставата започнува како комедија со елементи на „театар во театар“, но низ низа неочекувани пресврти преминува во драма.

„DELIRIUM TREMENS“ ВЕЧЕРВА ГОСТУВА ВО ДРАМСКИ Претстава која се движи низ различни театарски форми

Претставата „Delirium tremens“ во продукција на „Театарска работилница“ од Прилеп ќе гостува вечерва во 20 часот на сцената на Драмскиот театар. Режијата е на Игор Трпчески, текстот на Благоја Ристески-Платнар, а сцената и костимите се на Бојана Артиновска. Улогите ги играат Игор Трпчески, Димитар Ѓеорѓиевски, Методија Костоски, Филип Јездиќ и Борис Миленкоски.

Претставата започнува како комедија со елементи на „театар во театар“, но низ низа неочекувани пресврти преминува во драма. Делото се движи низ различни театарски форми – апсурд, фарса, кабаре, психодрама и антитеатар – обработувајќи теми за љубовта, моралните дилеми и односите меѓу уметниците и работниците. Претставата е наменета за сите генерации.

CATEGORIES
Share This