ДЕЛ ОД ЦЕНТАР И СОПИШТЕ ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА Прекини во повеќе општини на Скопје

ДЕЛ ОД ЦЕНТАР И СОПИШТЕ ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА Прекини во повеќе општини на Скопје

Дел од скопските општини денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на мрежата, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија АД.

Од 07:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците на блокот згради од булевар „Партизански одреди“ бр. 17 до улицата „Максим Горки“ во општина Центар. Од 09:00 до 12:00 часот електрична енергија ќе нема и за дел од корисниците на улицата „Елисие Поповски – Марко“ под бројеви 21 и 47, како и околните објекти.

Во општина Сопиште, од 07:45 до 15:30 часот без електрична енергија ќе останат селата Јаболци, Ново Брезница, Патишка Река, Држилово, Малчиште, Црн Врв, Елово, Осинчани и Карст, како и викенд-населбата Држилово, Сателитскиот центар и објектот Рудпроект.

Прекин ќе има и во општина Центар, каде од 08:30 до 10:30 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „Тале Христов“, Поликлиниката ВФВ и околните објекти.

ЕВН Македонија информира дека прекините се дел од планирани технички зафати и редовно одржување на дистрибутивната мрежа, а електричната енергија ќе биде вратена веднаш по завршувањето на работите. Граѓаните се советуваат да ги исклучат електричните апарати за да избегнат оштетувања при повторното вклучување на напонот.

CATEGORIES
Share This