ДЕФЕКТ НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА Батиниц остана без вода

ДЕФЕКТ НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА Батиниц остана без вода

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека денеска ќе има прекин во водоснабдувањето во скопската населба Батинци, поради уличен дефект на водоводната мрежа.

Како што е соопштено, станува збор за дефект на цевка со пречник од 100 милиметри на улица 6, кај број 5. Без вода ќе останат корисниците од улиците 6 и 7.

Прекинот во снабдувањето со вода започнал во 10:30 часот и ќе трае до целосно санирање на дефектот.

Од Водовод апелираат до граѓаните за разбирање и трпение додека траат интервенциите на терен.

CATEGORIES
Share This