ДЕБАТА ЗА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА Нова шанса или стара неслога?

Сето ова укажува на тоа дека, иако темата добива сè поголема видливост, политичките актери сè уште се далеку од постигнување консензус за изборниот модел што би се применувал на наредните парламентарни избори.

ДЕБАТА ЗА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА Нова шанса или стара неслога?
Фото:Принтскрин

Во пресрет на евентуални промени во парламентарното мнозинство, повторно се актуелизира дебатата за воведување една изборна единица – прашање што сè почесто се наметнува како тема во јавноста и меѓу политичките актери.

Вицепремиерот Изет Меџити денеска изјави дека се водат преговори со пратеници од коалицијата Европски фронт со цел проширување на мнозинството. Тој не ја исклучи можноста за разговори и со Мендух Тачи, кој по заминувањето од коалицијата најави самостојно политичко делување.

Паралелно со овие активности, Меџити информираше дека до крајот на работната недела, коалицијата ќе излезе со официјален став и конкретен предлог за моделот со една изборна единица, вклучително и евентуалниот изборен праг.

Една изборна единица е стара определба на партијата Единствена Македонија.

„Како прва политичка партија јавно ја истакнавме оваа определба уште во 2010 година. За таа цел, на 22 јули 2010 година во Собранието поднесовме амандмани за измена на Изборниот закониик и воведување на една изборна единица“ – соопштија од Единствена Македонија.

Од партијата додаваат дека се залагаат и за забрана на предизборно коалицирање со цел да се стави крај на т.н. човек партии-крлежи кои пред секои избори шетаат од една во друга коалиција само нивните претседатели да добијат функционерски места.

„Сметаме дека правилно е постизборно коалицирање откако на изборите ќе се види изборната тежина на секоја партија со самостоен настап на изборите“ – велат од партијата.

И покрај декларативната поддршка од речиси сите политички партии, јасно е дека сериозни разлики постојат околу изборниот праг. Додека некои партии, особено од албанскиот политички блок, предлагаат праг од 3 до 5 проценти, во јавноста се појави и предлог за осум изборни единици – дополнително комплицирајќи го процесот.

Сето ова укажува на тоа дека, иако темата добива сè поголема видливост, политичките актери сè уште се далеку од постигнување консензус за изборниот модел што би се применувал на наредните парламентарни избори.

CATEGORIES
TAGS
Share This