ДАНСКА ГО ЗАСИЛУВА ПРИСУСТВОТО – Франција и Германија се приклучуваат на воената мисија во Гренланд

Мисијата ќе вклучува извидувачки одреди и засилување на НАТО присуството

ДАНСКА ГО ЗАСИЛУВА ПРИСУСТВОТО – Франција и Германија се приклучуваат на воената мисија во Гренланд
Фото: Принтскрин

Франција ќе учествува во европската воена мисија во Гренланд, објави денеска француската армија.

Претходно, Берлин соопшти дека ќе испрати војници за „извидувачка мисија на Гренланд“ од четврток до сабота заедно со други европски земји, пренесува „Фигаро“. Според германскиот весник „Билд“, првично ќе биде испратен извидувачки одред со неколку членови на Бундесверот.

Во вторник, Данска објави значително зголемување на своето воено присуство, а се очекува да се вклучат и други европски партнери на НАТО. Официјално, европските земји-членки на НАТО ја засилуваат својата воена присутност во Гренланд.

CATEGORIES
TAGS
Share This