ДАЛИ ПОЧНА ОДБРОЈУВАЊЕТО ЗА МИР ВО УКРАИНА Денешните изјави на Путин и Трамп охрабрувачки

Во чест на овој значаен историски настан, рускиот претседател иницира примирје, кое според наводите, ќе биде ограничено и временски дефинирано, без прецизирање на неговото траење. Од Вашингтон, Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп ја поддржува иницијативата за целосен прекин на огнот во Украина.

ДАЛИ ПОЧНА ОДБРОЈУВАЊЕТО ЗА МИР ВО УКРАИНА Денешните изјави на Путин и Трамп охрабрувачки

Рускиот претседател Владимир Путин денеска прогласи прекин на огнот во Украина по повод 80-годишнината од Денот на победата над фашизмот, соопшти Кремљ.

„Русија верува дека Украина треба да го следи овој пример и исто така да прогласи прекин на огнот на 9 мај, кога се одбележува капитулацијата на нацистичка Германија во 1945 година,“ – се вели во соопштението на Кремљ.

Во чест на овој значаен историски настан, рускиот претседател иницира примирје, кое според наводите, ќе биде ограничено и временски дефинирано, без прецизирање на неговото траење.

Од Вашингтон, Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп ја поддржува иницијативата за целосен прекин на огнот во Украина.

„Претседателот (Трамп) е јасен – сака да види траен прекин на огнот,“ изјави портпаролката Каролин Левит на денешниот брифинг.

Таа додаде дека Трамп останува оптимист во врска со можноста за постигнување договор меѓу двете страни, но истовремено останува реалист за комплексноста на ситуацијата. Според неа, Трамп е се’ повеќе фрустриран од одолговлекувањето на конфликтот меѓу Русија и Украина.

CATEGORIES
Share This