ДАЛИ Е ЛАМПАРД ИЗБРАНИОТ? Спасителот на Челси или само уште една надеж?

ДАЛИ Е ЛАМПАРД ИЗБРАНИОТ? Спасителот на Челси или само уште една надеж?

Френк Лампард повторно е во фокусот на Челси, а поранешниот фудбалер на клубот, Карлтон Кол, верува дека тој е идеалниот избор за нов менаџер. По разделбата со Енцо Мареска, тимот моментално е под водство на привремениот тренер Калум Макфарлан, но многумина се прашуваат дали Лампард би можел да се врати на кормилото.

“Првиот негов период (како менаџер) беше навистина добар. Користеше млади играчи, а Џоди Морис работеше заедно со него. Заврши одлична работа, дури и повеќе од очекуваното, иако тимот немаше трансферен буџет, па требаше да користи млади фудбалери. Тоа го постави темпото и не можеме да го заборавиме. Лампард направи чуда,” изјави Кол пред британските медиуми.

Лампард, кој го водеше Челси од 2019 до 2021 година, остави значаен печат во клубот. Сега, кога е на чело на второлигашкиот Ковентри, многумина се надеваат дека би можел да се врати во Лондон со нова енергија и визија. Кол додава: “Го познава клубот внатре и надвор. Ја разбира локалната култура и заврши добра работа уште првиот пат. Замислете што ќе се случи ако ја има потребната поддршка. Ако дојде, никој нема да може да му кажува што треба да прави.”

Дали Лампард навистина е човекот кој може да го спаси Челси од моменталната криза? Времето ќе покаже, но сигурно е дека неговото име повторно предизвикува надеж и очекувања кај навивачите.

CATEGORIES
Share This